Во длабочините на мркиот еон
го барам татковиот изгубен гроб
низ ридовите на стариот дом
под сивите неба на мојот дом
Погледот лута по јатата птици
што в мрачниве мугри вреват сами
некогаш знамиња се вееле на ветрот
кај денес почиваат пророштва, тајни
И клекнувам пред гробот
чиј епитаф е исконски меч
со слова од ини кралства и војни
леени по патот на моите стари
Бедемите од солзи ќе се сронат
споменот вивнува в гради ко птица
да раскаже сага за слободниот паган
тој патот на светите молњи го следи
Восхит и рев што победа значат
в последниот бој за вишните кралства
низ ридовите на древниот дом
под златното Сонце на мојот дом...
го барам татковиот изгубен гроб
низ ридовите на стариот дом
под сивите неба на мојот дом
Погледот лута по јатата птици
што в мрачниве мугри вреват сами
некогаш знамиња се вееле на ветрот
кај денес почиваат пророштва, тајни
И клекнувам пред гробот
чиј епитаф е исконски меч
со слова од ини кралства и војни
леени по патот на моите стари
Бедемите од солзи ќе се сронат
споменот вивнува в гради ко птица
да раскаже сага за слободниот паган
тој патот на светите молњи го следи
Восхит и рев што победа значат
в последниот бој за вишните кралства
низ ридовите на древниот дом
под златното Сонце на мојот дом...