Далеку ми патува
Ноќва мислата
Високо над планини
Во небесни широчини
Летам над градот
Во облак претворен
Трепери ноќта
Од ветер пролетен
А по соби легнати
Мирно спијат душички
Во еден кревет спиеш ти
Во чисти меки постели
Во сонот твој реки сребрени
Љубат златни зраци сончеви
Свират нежно гајди, кавали
Свират химни и тишини
Реф:
Во душата ти гори кандилце
Силно свети, грее мало пламенче
Во душата ти гори кандилце
Со две раце го чувам да не угасне
Ноќва мислата
Високо над планини
Во небесни широчини
Летам над градот
Во облак претворен
Трепери ноќта
Од ветер пролетен
А по соби легнати
Мирно спијат душички
Во еден кревет спиеш ти
Во чисти меки постели
Во сонот твој реки сребрени
Љубат златни зраци сончеви
Свират нежно гајди, кавали
Свират химни и тишини
Реф:
Во душата ти гори кандилце
Силно свети, грее мало пламенче
Во душата ти гори кандилце
Со две раце го чувам да не угасне