Да се биде некој кој сонот го сонува,да се биде слуга на воздухот и водата.
Да се биде некој кој на сонцето се радува,да се биде човекотот кого Рацин го опејува.
Од ден за ден,можеби е последен,од ден за ден овој момент е посебен
И можеби ме чека лудило
Но нема веќе назад,детето е родено
Да се биде љангар и во тоа да се ужива,да се биде човекот кој ги гали кучињата
Да се биде некој кому не му треба владата,да се биде човек кој не знае за омраза.