.

Кон своите се вртиш Lyrics

кон своите се вртиш, но, врските се искинати
нема трето уво, око, крилја и ореоли
кон своите се вртиш, но, нема браќа, роднини
слепи сме, оглувени, сами сме и проклети
те штитат со крадење, со значки и со титули
станавме туѓинци, трговци и душмани
зошто го губиш она што веќе е изгубено,
а го бараш она што веќе одамна е најдено?
лажни наши светци, водачи и херои
следиме туѓинци, трговци и душмани
проклетите се парите, не се за живите и здравите
богати се сиромашните, а робови богатите
лично за личностите, приватно за робовите
најсилни се слугите, тие се водачите
Report lyrics