.

Среќна ли си ти? Lyrics

Никогаш не сум имал многу да ти дадам,
никогаш, само љубов како дете искрена,
но не ти беше доволна.
Туѓа си, веќе немам право да те имам.
Туѓа си, колку години те чекав преку пат
за да те сретнам некогаш.

Среќна ли си ти сега кога носиш злато
или несреќна што на мое место
туѓи дланки треперат? Тоа срце кому припаѓа?

Среќна ли си ти далеку од мене мила
или спомени гребат како груба свила?
Дали најде мир таму кај што од мене се скри?

Пред мене кое добро ми те донесе
на мојот праг
кога пројдов километри сосем сам?
Но, веќе сам не спијам.
Среќна ли си ти сега кога носиш злато
или несреќна што на мое место
туѓи дланки треперат? Тоа срце кому припаѓа?

Среќна ли си ти далеку од мене мила
или спомени гребат како груба свила?
Дали најде мир таму кај што од мене се скри?
Тебе јас те знам многу одамна
како никој друг на светот
и не сум посакал друга ниедна.

Среќна ли си ти сега кога носиш злато
или несреќна што на мое место
туѓи дланки треперат? Тоа срце кому припаѓа?

Среќна ли си ти далеку од мене мила
или спомени гребат како груба свила?
Дали најде мир таму кај што од мене се скри?
Report lyrics
Игри без граници (2007)
Душа остана Никој како тебе не бакнува Боже, чувај од зло Месечина Игри без граници Среќна ли си ти? Најдрага моја Јас не сум виновен Цреша Волим осмјех твој (feat. Антонија Шола) Вежи ме за себе Остала си увјек иста Срце није камен Несаница Несаница (remix) Feeling Good