.

Amfilohij Lyrics

Не вредат веќе ништо
Илјадници зборови,
Сал Скаредни Срамни Слова
во мртвите томоси.
Од вашето перо течат
Мастила отровни
И црни се траги лепат
На прстите валкани

Раширени раце во име на љубовта
Затворени очи во име на правдата
А изградив дом на брегот
Со порти отворени,
Но видовте само слабост,
На кутар и нејак плен.

О, несвет и беден оче!
Се затемни светол ден
Ќе пресечам десна рака
Што кон вас се подаде
Раширени раце во име на љубовта
Затворени очи во име на правдата

Подари ми насмев надмен, господарски,
И пак распни го Оној Кој божем го сведочиш
Избриши си раце со хартии безвредни
И кажи го зборот што ништо не значи.
Report lyrics